процес

Именка, машки род

Значење на процес:

1. Постепена измена на некоја појава, состојба и сл., тек на развиток на нешто. Тоа е природен процес.

2. Дејства преземени со цел постепено да се дојде до некаков резултат, цел. Творечки процес. Процес на добивање алуминиум. Производен процес.

3. (мед.) Состојба на развиток на определена болест. Гноен процес.

4. (прав.) Судска постапка, распарава. Започна судскиот процес против обвинетите за грабеж.

Множина: процеси.

Оригинални податоци:

процес, мн. процеси м. 1. Постепена измена на некоја појава, состојба и сл., тек на развиток на нешто. Тоа е природен процес. 2. Дејства преземени со цел постепено да се дојде до некаков резултат, цел. Творечки процес. Процес на добивање алуминиум. Производен процес. 3. (мед.) Состојба на развиток на определена болест. Гноен процес. 4. (прав.) Судска постапка, распарава. Започна судскиот процес против обвинетите за грабеж.