прочуе се

Глагол, свршен

Значење на прочуе се:

1. Стане многу познат со квалитет, особина, својство. Тој се прочу во целиот крај. Неговата храброст се прочу за еден месец во околните села. Девојката се прочу по својата убавина низ целото маало. Тој се прочу по добрата скара.

2. Стане општо познато. а) Настан, случка. Настанот се прочу низ целото село. Добриот глас се прочу надалеку. Срамот се прочу во двете села. б) безл. Се прочу дека таа ќе биде директорка во фирмата. Се прочу дека тој дал оставка.

Коњугација: (ќе) се прочуев , (ќе) се прочуеја , (ќе) се прочуел , прочуен, се прочув , се прочуја , се прочујат , се прочул .

Оригинални податоци:

прочуе се, се прочујат; се прочув, се прочуја; се прочул; (ќе) се прочуев, (ќе) се прочуеја; (ќе) се прочуел; прочуен св. 1. Стане многу познат со квалитет, особина, својство. Тој се прочу во целиот крај. Неговата храброст се прочу за еден месец во околните села. Девојката се прочу по својата убавина низ целото маало. Тој се прочу по добрата скара. 2. Стане општо познато. а) Настан, случка. Настанот се прочу низ целото село. Добриот глас се прочу надалеку. Срамот се прочу во двете села. б) безл. Се прочу дека таа ќе биде директорка во фирмата. Се прочу дека тој дал оставка.