продаде
Значење на продаде:
1. Даде за пари, со плаќање стока, имот и сл. Минатото лето го продадоа станот.
2. (прен.) Изврши предавство, предаде некого, изневери нешто. За малку пари ја продаде својата чест.
Коњугација: (ќе) продадеа , (ќе) продадев , (ќе) продадел , продадат , продаден, продадоа , продадов , продај , продајте , продал .
Изведени зборови:
- продавање, глаг. им. ср.
- (се) продава, глаг. несв. (се) продаваат
- се ~ продаде, (прен.) Се предаде, помине на страната на противникот, го погази своето достоинство поради користољубивост. Се продаде за пари. Се продаде за власт.
Фразеолошки израз / поговорка:
Продадена душа - тој што прави сè за пари; сп. душа. (Ми) продава басми – лаже за работи што се очигледни. Продава ум – непотребно учи, советува некого. Му ја продаде душата на ѓаволот – се здружи со лош(и) човек (луѓе). Не се продава за пари – цврсто стои на својот став, не е подложен на поткупливост.
Оригинални податоци:
продаде, продадат; продај, продајте; продадов, продадоа; продал; (ќе) продадев, (ќе) продадеа; (ќе) продадел; продаден св. 1. Даде за пари, со плаќање стока, имот и сл. Минатото лето го продадоа станот. 2. (прен.) Изврши предавство, предаде некого, изневери нешто. За малку пари ја продаде својата чест. ● се ~ (прен.) Се предаде, помине на страната на противникот, го погази своето достоинство поради користољубивост. Се продаде за пари. Се продаде за власт. ◊ Продадена душа - тој што прави сè за пари; сп. душа. (Ми) продава басми – лаже за работи што се очигледни. Продава ум – непотребно учи, советува некого. Му ја продаде душата на ѓаволот – се здружи со лош(и) човек (луѓе). Не се продава за пари – цврсто стои на својот став, не е подложен на поткупливост. ‖ (се) продава, (се) продаваат несв. ‖ глаг. им. продавање ср.