продлаби

Глагол, свршен

Значење на продлаби:

Направи дупка со длабење; продупчи. Го продлаби картонот на аголот и протна коноп во дупката.

Коњугација: продлабат.

Изведени зборови:

  • продлабува, глаг. несв. продлабуваат
  • продлабување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

продлаби, продлабат св. Направи дупка со длабење; продупчи. Го продлаби картонот на аголот и протна коноп во дупката. ‖ продлабува, продлабуваат несв. ‖ глаг. им. продлабување ср.