продлабочи
Значење на продлабочи:
1. Направи нешто да биде подлабоко; длаби 2. (прен.) Зголеми знаење, подлабоко навлезе во некој проблем; направи нешто посериозно, посилно да се изрази. Со таквите изјави ги продлабочија несогласувањата. Тоа ќе придонесе за продлабочување на кризата.
Коњугација: продлабочат.
Изведени зборови:
- продлабочување, глаг. им. ср.
- се ~ продлабочи, 1. Стане подлабок. Беше остарен, лузните му се продлабочиле. 2. (прен.) Стане нешто посериозно, посодржајно, потемелно. Со време јазот меѓу двете страни се продлабочи.
- (се) продлабочува, глаг. несв. (се) продлабочуваат
Оригинални податоци:
продлабочи, продлабочат св. 1. Направи нешто да биде подлабоко; сп. длаби 1. 2. (прен.) Зголеми знаење, подлабоко навлезе во некој проблем; направи нешто посериозно, посилно да се изрази. Со таквите изјави ги продлабочија несогласувањата. Тоа ќе придонесе за продлабочување на кризата. ● се ~ 1. Стане подлабок. Беше остарен, лузните му се продлабочиле. 2. (прен.) Стане нешто посериозно, посодржајно, потемелно. Со време јазот меѓу двете страни се продлабочи. ‖ (се) продлабочува, (се) продлабочуваат несв. ‖ глаг. им. продлабочување ср.