продолжи

Глагол, свршен

Значење на продолжи:

1. Направи нешто да биде подолго, да трае подолго. Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото. Го продолжија престојот во странство за уште три месеци.

2. Нешто што било во тек направи да трае и понатаму (до завршување). Тој не беше сигурен за правецот, но продолжи да оди. Продолжи да зборува. Претставата ќе продолжи по кратка пауза.

Коњугација: продолжат.

Изведени зборови:

  • продолжување, глаг. им. ср.
  • се ~ продолжи, (само 3 л.) Стане подолг, трае подолго. Животот сега се продолжи. Денот се продолжи.
  • (се) продолжува, глаг. несв. (се) продолжуваат

Оригинални податоци:

продолжи, продолжат св. 1. Направи нешто да биде подолго, да трае подолго. Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото. Го продолжија престојот во странство за уште три месеци. 2. Нешто што било во тек направи да трае и понатаму (до завршување). Тој не беше сигурен за правецот, но продолжи да оди. Продолжи да зборува. Претставата ќе продолжи по кратка пауза. ● се ~(само 3 л.) Стане подолг, трае подолго. Животот сега се продолжи. Денот се продолжи. ‖ (се) продолжува, (се) продолжуваат несв. ‖ глаг. им. продолжување ср.