продуцира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на продуцира:

1. Произведе, произведува. Погонот продуцира суровини за хемиската индустрија.

2. Изведе, изведува, претстави, претставува. Неговата група продуцира нов правец во музиката.

3. Организира музичко, филмско, телевизиско производство. Тој го продуцираше фестивалот.

Коњугација: продуцираат , продуцирајќи.

Изведени зборови:

  • продуцирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

продуцира, продуцираат; продуцирајќи св. и несв. 1. Произведе, произведува. Погонот продуцира суровини за хемиската индустрија. 2. Изведе, изведува, претстави, претставува. Неговата група продуцира нов правец во музиката. 3. Организира музичко, филмско, телевизиско производство. Тој го продуцираше фестивалот. ‖ глаг. им. продуцирање ср.