продуктивен

Придавка

Значење на продуктивен:

1. Што овозможува производство, што е поволен за производство, што произведува. Продуктивна почва. Продуктивен период. Продуктивен труд.

2. (прен.) За човек чијшто труд дава големи резултати, што има плодна продукција. Продуктивен писател.

3. (лингв.) Јазичен елемент што е жив, активен во зборообразувањето. Продуктивен модел. Продуктивни наставки.

Членувана форма: продуктивниот.

Изведени зборови:

  • продуктивно, прил. Во тој период работеше многу продуктивно.
  • продуктивност, и. ж. Способност за остварување резултати од трудот. Зголемување на продуктивноста на трудот.

Оригинални податоци:

продуктивен, продуктивниот прид. 1. Што овозможува производство, што е поволен за производство, што произведува. Продуктивна почва. Продуктивен период. Продуктивен труд. 2. (прен.) За човек чијшто труд дава големи резултати, што има плодна продукција. Продуктивен писател. 3. (лингв.) Јазичен елемент што е жив, активен во зборообразувањето. Продуктивен модел. Продуктивни наставки. ‖ продуктивно прил. Во тој период работеше многу продуктивно. ‖ продуктивност ж. Способност за остварување резултати од трудот. Зголемување на продуктивноста на трудот.