проектира
Значење на проектира:
1. Изработи, изработува, состави, составува проекти. Тој го проектираше објектот на музејот.
2. (разг.) Има намера; планира. Тој го проектира своето ново остварување да биде мултимедијално.
3. Прикаже, прикажува филм со проектор.
Коњугација: проектираат , проектирајќи.
Изведени зборови:
- проектирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
проектира, проектираат; проектирајќи св. и несв. 1. Изработи, изработува, состави, составува проекти. Тој го проектираше објектот на музејот. 2. (разг.) Има намера; планира. Тој го проектира своето ново остварување да биде мултимедијално. 3. Прикаже, прикажува филм со проектор. ‖ глаг. им. проектирање ср.