професор
Значење на професор:
1. Наставник со завршено факултетско образование. Средношколски професор. Професор по македонски јазик.
2. Највисоко звање на универзитет и висока школа. Редовен професор. Вонреден професор. Предавањата на професорот ги следеа голем број студенти.
Множина: професори.
Изведени зборови:
- професорка, и. ж.
- професорски, прид. професорскиот
Оригинални податоци:
професор, мн. професори м. 1. Наставник со завршено факултетско образование. Средношколски професор. Професор по македонски јазик. 2. Највисоко звање на универзитет и висока школа. Редовен професор. Вонреден професор. Предавањата на професорот ги следеа голем број студенти. ‖ професорка, мн. професорки ж. ‖ професорски, професорскиот прид.