профучи

Глагол, свршен

Значење на профучи:

1. Помине со голема брзина и остар звук. Неколку куршуми му профучија преку главата. Врз теснолинејката профучи мала локомотива.

2. (прен.) За време ‒ помине со голема брзина. Профучија годините.

Коњугација: профучат.

Изведени зборови:

  • профучува, глаг. несв. профучуваат

Оригинални податоци:

профучи, профучат св. Помине со голема брзина и остар звук. Неколку куршуми му профучија преку главата. Врз теснолинејката профучи мала локомотива. 2. (прен.) За време ‒ помине со голема брзина. Профучија годините. ‖ профучува, профучуваат несв.