прогласи

Глагол, свршен

Значење на прогласи:

1. Објави, соопшти нешто. Претседателот прогласи вонредна состојба.

2. Со официјален акт објави почеток на нешто (настан, собир, приредба и сл.). Организаторот ја прогласи трибината за отворена.

3. (арх.) Огласи, пушти абер. Тогаш глас прогласи низ градот.

Коњугација: прогласат.

Изведени зборови:

  • прогласување, глаг. им. ср.
  • се ~ прогласи, Самиот себеси се именува. Уште пред да ги чуе резултатите се прогласи за победник. Си се прогласил цар.
  • (се) прогласува, глаг. несв. (се) прогласуваат

Оригинални податоци:

прогласи, прогласат св. 1. Објави, соопшти нешто. Претседателот прогласи вонредна состојба. 2. Со официјален акт објави почеток на нешто (настан, собир, приредба и сл.). Организаторот ја прогласи трибината за отворена. 3. (арх.) Огласи, пушти абер. Тогаш глас прогласи низ градот. ● се ~ Самиот себеси се именува. Уште пред да ги чуе резултатите се прогласи за победник. Си се прогласил цар. ‖ (се) прогласува, (се) прогласуваат несв. ‖ глаг. им. прогласување ср.