прогледа

Глагол, свршен

Значење на прогледа:

1. а) Почне да гледа по раѓање. Мачињата веќе прогледале. б) Почне пак да гледа, се врати видот некому. По операцијата на очите, прогледал.

2. (прен.) Почне да ги сфаќа, да ги разбира работите. Конечно прогледа и виде со кого си има работа.

3. (прен.) Се просвети, добие определено знаење. Откако ги прочита тие книги, му се чинеше дека прогледа.

4. (прен.) Почне убаво да живее. Откако замина од дома, животот ѝ се смени, прогледа.

Коњугација: прогледаат.

Изведени зборови:

  • прогледува, глаг. несв. прогледуваат
  • прогледување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чувај (пази) боже слеп да прогледа – чувај се од тој што набрзина изучил, стекнал имот, моќ и сл.

Оригинални податоци:

прогледа, прогледаат св. 1. а) Почне да гледа по раѓање. Мачињата веќе прогледале. б) Почне пак да гледа, се врати видот некому. По операцијата на очите, прогледал. 2. (прен.) Почне да ги сфаќа, да ги разбира работите. Конечно прогледа и виде со кого си има работа. 3. (прен.) Се просвети, добие определено знаење. Откако ги прочита тие книги, му се чинеше дека прогледа. 4. (прен.) Почне убаво да живее. Откако замина од дома, животот ѝ се смени, прогледа. ◊ Чувај (пази) боже слеп да прогледа – чувај се од тој што набрзина изучил, стекнал имот, моќ и сл. ‖ прогледува, прогледуваат несв. ‖ глаг. им. прогледување ср.