прогние

Глагол, свршен

Значење на прогние:

1. Гние до крај, потполно; изгние. Дрвените скали прогнија, дрвото се рони.

2. Почне да гние. Јаболката прогнија, нема кој да ги изеде.

3. (прен.) Почне да пропаѓа морално и физички; гние 2. Ќе прогние во затвор, ама си го заслужи.

Коњугација: (ќе) прогниев , (ќе) прогниеја , (ќе) прогниел , прогнив , прогниен, прогнија , прогнијат , прогнил .

Изведени зборови:

  • прогнива, глаг. несв. прогниваат
  • прогнивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прогние, прогнијат; прогнив, прогнија; прогнил; (ќе) прогниев, (ќе) прогниеја; (ќе) прогниел; прогниен св. 1. Гние до крај, потполно; изгние. Дрвените скали прогнија, дрвото се рони. 2. Почне да гние. Јаболката прогнија, нема кој да ги изеде. 3. (прен.) Почне да пропаѓа морално и физички; сп. гние 2. Ќе прогние во затвор, ама си го заслужи. ‖ прогнива, прогниваат несв. ‖ глаг. им. прогнивање ср.