проголта

Глагол, свршен

Значење на проголта:

1. Прими храна, течност и сл.; голтне. Го проголта горчливиот лек. Не му се јадеше; одвај проголта неколку залаци.

2. (прен.) Преживее, истрпи нешто. Го проголта гневот и се повлече. Ја проголтаа навредата и не се вмешаа. За да избегне непријатности тој проголта многу нешта.

Коњугација: проголтаат.

Изведени зборови:

  • проголтува, глаг. несв. проголтуваат
  • проголтување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

(Како) земјата (да) го проголтала – исчезна. Ја/го проголта со очи – упорно, втренчено гледа.

Оригинални податоци:

проголта, проголтаат св. 1. Прими храна, течност и сл.; голтне. Го проголта горчливиот лек. Не му се јадеше; одвај проголта неколку залаци. 2. (прен.) Преживее, истрпи нешто. Го проголта гневот и се повлече. Ја проголтаа навредата и не се вмешаа. За да избегне непријатности тој проголта многу нешта. ◊ (Како) земјата (да) го проголтала – исчезна. Ја/го проголта со очи – упорно, втренчено гледа. ‖ проголтува, проголтуваат несв. ‖ глаг. им. проголтување ср.