прогони
Значење на прогони:
1. Истера, изгони далеку од земјата како чин на казна или на насилство. Го прогласија за виновен и го прогонија.
2. (прен.) Отстрани, оттргне. Прогони ги веќе еднаш тие лоши мисли.
Коњугација: прогонат.
Изведени зборови:
- прогонува, глаг. несв. прогонуваат
- прогонување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
прогони, прогонат св. 1. Истера, изгони далеку од земјата како чин на казна или на насилство. Го прогласија за виновен и го прогонија. 2. (прен.) Отстрани, оттргне. Прогони ги веќе еднаш тие лоши мисли. ‖ прогонува, прогонуваат несв. ‖ глаг. им. прогонување ср.