програма

Именка, женски род

Значење на програма:

1. План и цел на работата што претстои и што треба да се изврши во некоја дејност. Програмата за претходната година потполно се реализира. Програмата за оваа година е повеќе од амбициозна.

2. Основна содржина и цели на дејноста на политичка партија, општествена организација, на влада, орган на државната власт итн. Национална програма. Програмата на таа партија ги опфаќа сите сфери на современото живеење.

3. Краток преглед на содржините и целите на наставен предмет. Наставна програма. Програма по географија.

4. а) Распоред по кој ќе се изведуваат точките на приредба, концерт, манифестација, и сл. б) Преглед, попис на емисиите на радио и телевизија. Според програмата предвидено е да настапат нашите најпознати уметници.

5. Радио или телевизиска емисија на определена фреквенција. Прва програма. Преносот на натпреварот ќе можете да го следите на втората програма.

6. Упатства на компјутерот за извршување определени операции; софтвер.

Множина: програми.

Оригинални податоци:

програма, мн. програми ж. 1. План и цел на работата што претстои и што треба да се изврши во некоја дејност. Програмата за претходната година потполно се реализира. Програмата за оваа година е повеќе од амбициозна. 2. Основна содржина и цели на дејноста на политичка партија, општествена организација, на влада, орган на државната власт итн. Национална програма. Програмата на таа партија ги опфаќа сите сфери на современото живеење. 3. Краток преглед на содржините и целите на наставен предмет. Наставна програма. Програма по географија. 4. а) Распоред по кој ќе се изведуваат точките на приредба, концерт, манифестација, и сл. б) Преглед, попис на емисиите на радио и телевизија. Според програмата предвидено е да настапат нашите најпознати уметници. 5. Радио или телевизиска емисија на определена фреквенција. Прва програма. Преносот на натпреварот ќе можете да го следите на втората програма. 6. Упатства на компјутерот за извршување определени операции; софтвер.