прогресивен

Придавка

Значење на прогресивен:

1. Што е напреден, што води, што се стреми кон прогрес, усовршување. Прогресивна идеја. Прогресивна литература.

2. Што постепено се развива, се зголемува. Таа болест за среќа нема прогресивен карактер.

Членувана форма: прогресивниот.

Изведени зборови:

  • прогресивно, прил. Темпото во делото расте прогресивно.
  • прогресивност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Прогресивен данок – оданочување коешто сразмерно се зголемува со зголемувањето на капиталот на даночните обврзници. Прогресивна парализа (мед.) – постепено сушење на мозокот коешто доведува до лудило.

Оригинални податоци:

прогресивен, прогресивниот прид. 1. Што е напреден, што води, што се стреми кон прогрес, усовршување. Прогресивна идеја. Прогресивна литература. 2. Што постепено се развива, се зголемува. Таа болест за среќа нема прогресивен карактер. ◊ Прогресивен данок – оданочување коешто сразмерно се зголемува со зголемувањето на капиталот на даночните обврзници. Прогресивна парализа (мед.) – постепено сушење на мозокот коешто доведува до лудило. ‖ прогресивно прил. Темпото во делото расте прогресивно. ‖ прогресивност ж.