прогрми

Глагол

Безличен глагол.

Значење на прогрми:

1. Згрми малку, грми кратко време. Се стемни, прогрме, но не заврна.

2. (прен.) Викне со длабок глас. Одеднаш тој прогрме и вревата стивна.

3. (прен.) Помине брзо; летне. – Ех, како ни прогрмеа годините.

4. Одекне, се разнесе. Веста прогрме низ земјата.

Коњугација: прогрме , прогрмило.

Изведени зборови:

  • прогрмува, глаг. несв.

Оригинални податоци:

прогрми, прогрме, прогрмило безл. 1. Згрми малку, грми кратко време. Се стемни, прогрме, но не заврна. 2. (прен.) Викне со длабок глас. Одеднаш тој прогрме и вревата стивна. 3. (прен.) Помине брзо; летне. – Ех, како ни прогрмеа годините. 4. Одекне, се разнесе. Веста прогрме низ земјата. ‖ прогрмува несв.