проигра

Глагол, свршен

Значење на проигра:

1. Почне да игра, да танцува, заигра првпат. Девојчето беше срамежливо, но сепак проигра.

2. Изгуби во обложување; прокоцка. Тој го проигра целиот имот.

3. (прен.) Изгуби, се лиши од нешто, не искористи нешто. Ги проигра можностите. Си ја проигра среќата.

Коњугација: проиграат.

Изведени зборови:

  • проигрува, глаг. несв. проигруваат
  • проигрување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

проигра, проиграат св. 1. Почне да игра, да танцува, заигра првпат. Девојчето беше срамежливо, но сепак проигра. 2. Изгуби во обложување; прокоцка. Тој го проигра целиот имот. 3. (прен.) Изгуби, се лиши од нешто, не искористи нешто. Ги проигра можностите. Си ја проигра среќата. ‖ проигрува, проигруваат несв. ‖ глаг. им. проигрување ср.