произлезе
Значење на произлезе:
1. Потекне од некого, од нешто. Тој произлезе од стара градска фамилија.
2. Резултира од нешто. Сè произлезе од едно мало недоразбирање.
3. Се наложи како заклучок врз основа на некој факт. Од сето тоа произлезе дека ситуацијата тешко ќе се реши.
Коњугација: (ќе) произлезеа , (ќе) произлезел , (ќе) произлезеше , произлегле , произлегоа , произлегол , произлезат , произлезе , произлезен.
Изведени зборови:
- произлегува, глаг. несв. произлегуваат
- произлегување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
произлезе, произлезат; произлезе, произлегоа; произлегол; произлегле; (ќе) произлезеше, (ќе) произлезеа; (ќе) произлезел; произлезен св. 1. Потекне од некого, од нешто. Тој произлезе од стара градска фамилија. 2. Резултира од нешто. Сè произлезе од едно мало недоразбирање. 3. Се наложи како заклучок врз основа на некој факт. Од сето тоа произлезе дека ситуацијата тешко ќе се реши. ‖ произлегува, произлегуваат несв. ‖ глаг. им. произлегување ср.