производство

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на производство:

1. Организиран процес при којшто се добиваат резултати од човечкиот труд. Раноградинарско производство.

2. Изработување, изготвување. Производство на храна. Домашно производство.

3. Одделна гранка во земјоделството, индустријата. Градинарско производство. Текстилно производство. Производство на метали.

Оригинални податоци:

производство (само едн.) ср. 1. Организиран процес при којшто се добиваат резултати од човечкиот труд. Раноградинарско производство. 2. Изработување, изготвување. Производство на храна. Домашно производство. 3. Одделна гранка во земјоделството, индустријата. Градинарско производство. Текстилно производство. Производство на метали.