пројаде
Значење на пројаде:
1. Почне да јаде за првпат или по определен прекин. Детенцето пројаде леб. Оперираниот пациент сè уште не пројал.
2. Направи дупка со гризење, триење и сл. Глувците во подрумот ја пројале старата облека.
3. Изеде сè за кратко време, набрзина. Доцнеше на час па појадокот го пројаде по пат. Пројадоа сè, испија и си заминаа.
Коњугација: (ќе) пројадеа , (ќе) пројадев , (ќе) пројадел , пројадат , пројаден, пројадете , пројади , пројадоа , пројадов , пројал .
Изведени зборови:
- пројадување, глаг. им. ср.
- се ~ пројаде, Се истенчи, се излити. Јажето се пројаде на јазолот, исечи го тој дел.
- (се) пројадува, глаг. несв. (се) пројадуваат
Оригинални податоци:
пројаде, пројадат; пројади, пројадете; пројадов, пројадоа; пројал; (ќе) пројадев, (ќе) пројадеа; (ќе) пројадел; пројаден св. 1. Почне да јаде за првпат или по определен прекин. Детенцето пројаде леб. Оперираниот пациент сè уште не пројал. 2. Направи дупка со гризење, триење и сл. Глувците во подрумот ја пројале старата облека. 3. Изеде сè за кратко време, набрзина. Доцнеше на час па појадокот го пројаде по пат. Пројадоа сè, испија и си заминаа. ● се ~ Се истенчи, се излити. Јажето се пројаде на јазолот, исечи го тој дел. ‖ (се) пројадува, (се) пројадуваат несв. ‖ глаг. им. пројадување ср.