пројави
Значење на пројави:
1. Искаже, открие особина, квалитет. Пројави желба. Уште од мала возраст пројавил интерес за литературата.
Коњугација: пројават.
Изведени зборови:
- пројавување, глаг. им. ср.
- се ~ пројави, Се покаже, се изрази со некоја особина, квалитет. Се пројавија неговите вонредни способности. Во текот на работата се пројавија определени слабости.
- (се) пројавува, глаг. несв. (се) пројавуваат
Оригинални податоци:
пројави, пројават св. 1. Искаже, открие особина, квалитет. Пројави желба. Уште од мала возраст пројавил интерес за литературата. ● се ~ Се покаже, се изрази со некоја особина, квалитет. Се пројавија неговите вонредни способности. Во текот на работата се пројавија определени слабости. ‖ (се) пројавува, (се) пројавуваат несв. ‖ глаг. им. пројавување ср.