проклука

Глагол, свршен

Значење на проклука:

1. Почне да клука, да колве; клука 1, 2. Во далечината проклука клукајдрвец.

2. Почне силна, остра болка; клука 4. Го проклука удреното колено.

Коњугација: проклукаат.

Изведени зборови:

  • проклукува, глаг. повт. проклукуваат

Оригинални податоци:

проклука, проклукаат св. 1. Почне да клука, да колве; сп. клука 1, 2. Во далечината проклука клукајдрвец. 2. Почне силна, остра болка; сп. клука 4. Го проклука удреното колено. ‖ проклукува, проклукуваат повт.