прокопа

Глагол, свршен

Значење на прокопа:

1. Со копање по должина и со некоја длабочина направи нешто (пат, канал, ров и сл.). Работниците ја прокопаа улицата, ја менуваа пукнатата цевка. За новиот пат го прокопаа ридот.

2. Со копање направи отвор, тунел низ нешто. За да излезат, го прокопале ѕидот.

Коњугација: прокопаат.

Изведени зборови:

  • прокопува, глаг. несв. прокопуваат
  • прокопување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

прокопа, прокопаат св. 1. Со копање по должина и со некоја длабочина направи нешто (пат, канал, ров и сл.). Работниците ја прокопаа улицата, ја менуваа пукнатата цевка. За новиот пат го прокопаа ридот. 2. Со копање направи отвор, тунел низ нешто. За да излезат, го прокопале ѕидот. ‖ прокопува, прокопуваат несв. ‖ глаг. им. прокопување ср.