пролее

Глагол, свршен

Значење на пролее:

1. истури_1

2. Силно, обилно истече. Реката пролеа.

Коњугација: (ќе) пролеев , (ќе) пролееја , (ќе) пролеел , пролеав , пролеаја , пролеал , пролеан , пролеат , пролеен, пролеј , пролејте .

Изведени зборови:

  • пролевање, глаг. им. ср.
  • (се) пролева, глаг. несв. (се) пролеваат
  • се ~ пролее, Се излее; истече, се разлее. Водата се пролеа од кофата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пролее крв – предизвика крвопролевање, убие некого. Крвта си ја пролеа – си го жртвува животот. Пролее солзи – заплаче, се расплаче.

Оригинални податоци:

пролее, пролеат; пролеј, пролејте; пролеав, пролеаја; пролеал; пролеан; (ќе) пролеев, (ќе) пролееја; (ќе) пролеел; пролеен св. 1. сп. истури 1. 2. Силно, обилно истече. Реката пролеа. ● се ~ Се излее; истече, се разлее. Водата се пролеа од кофата. ◊ Пролее крв – предизвика крвопролевање, убие некого. Крвта си ја пролеа – си го жртвува животот. Пролее солзи – заплаче, се расплаче. ‖ (се) пролева, (се) пролеваат несв. ‖ глаг. им. пролевање ср.