пролет

Именка, женски род

Значење на пролет:

1. Едно од годишните времиња, меѓу зима и лето. Рана пролет. Годинава пролетта задоцни. Топењето на снеговите ја најавува пролетта.

2. (прен., поет.) Најубавиот период. Пролетта на животот.

Множина: пролети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пукна пролет – се покаже пролетта со сите свои убавини.

Оригинални податоци:

пролет, мн. пролети ж. 1. Едно од годишните времиња, меѓу зима и лето. Рана пролет. Годинава пролетта задоцни. Топењето на снеговите ја најавува пролетта. 2. (прен., поет.) Најубавиот период. Пролетта на животот. ◊ Пукна пролет – се покаже пролетта со сите свои убавини.