пролета

Глагол, свршен

Значење на пролета:

1. Помине со летање. Една пеперутка пролета во градината. Меѓу дрвјата пролета був.

2. Брзо помине при движење. Моторот пролета покрај нив. Како стрела пролета некаков автомобил.

3. (прен.) За мисла – брзо помине. Му прелетаа секакви мисли во главата.

4. За време – брзо помине. Пролета годината.

5. Почне да лета, летне за првпат. Малите ластовички се уште не пролетале.

Коњугација: пролетаат.

Изведени зборови:

  • пролетува, глаг. несв. пролетуваат
  • пролетување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пролета, пролетаат св. 1. Помине со летање. Една пеперутка пролета во градината. Меѓу дрвјата пролета був. 2. Брзо помине при движење. Моторот пролета покрај нив. Како стрела пролета некаков автомобил. 3. (прен.) За мисла – брзо помине. Му прелетаа секакви мисли во главата. 4. За време – брзо помине. Пролета годината. 5. Почне да лета, летне за првпат. Малите ластовички се уште не пролетале. ‖ пролетува, пролетуваат несв. ‖ глаг. им. пролетување ср.