промена
Значење на промена:
1. Менување на нешто во поинакво. Промена на брзината. Промена на правецот на ветрот. Промени во здравствената состојба. Политички промени.
2. Заменување, сменување на едно со друго. Промена на маслото во автомобилот.
3. (грам.) Морфолошка промена на менливите зборови; флексија. Именска промена. Глаголска промена.
4. а) Нов фустан, нов костум. Девојката беше во бела промена. Свадбена промена. Празнична промена. б) преслека.
Множина: промени.
Оригинални податоци:
промена, мн. промени ж. 1. Менување на нешто во поинакво. Промена на брзината. Промена на правецот на ветрот. Промени во здравствената состојба. Политички промени. 2. Заменување, сменување на едно со друго. Промена на маслото во автомобилот. 3. (грам.) Морфолошка промена на менливите зборови; флексија. Именска промена. Глаголска промена. 4. а) Нов фустан, нов костум. Девојката беше во бела промена. Свадбена промена. Празнична промена. б) сп. преслека.