промет
Значење на промет:
1. а) Процес на промена на вредности; размена на стока во пари и обратно; движење на стоки и пари. б) Обем на работи во остварувањето добивка. Прометот се зголеми овој месец. Слаб промет.
2. оптек 2.
3. Движење, раздвиженост. На тоа место нема промет, подзатскриено е.
Множина: промети.
Фразеолошки израз / поговорка:
Платен промет - сп. платен. Пушти во промет – (разг.) почне да работи, да функционира; рашири, разгласи вест, глас.
Оригинални податоци:
промет, мн. промети м. 1. а) Процес на промена на вредности; размена на стока во пари и обратно; движење на стоки и пари. б) Обем на работи во остварувањето добивка. Прометот се зголеми овој месец. Слаб промет. 2. сп. оптек 2. 3. Движење, раздвиженост. На тоа место нема промет, подзатскриено е. ◊ Платен промет - сп. платен. Пушти во промет – (разг.) почне да работи, да функционира; рашири, разгласи вест, глас.