пронајде
Значење на пронајде:
1. Открие, најде нешто што го немало дотогаш. Група научници пронашле нов лек за оваа болест.
2. Со барање најде нешто што е загубено; најде Заради клучот целата куќа ја пребарав, ама на крајот го пронајдов. Археолозите пронашле златна маска.
Коњугација: (ќе) пронајдеа , (ќе) пронајдев , (ќе) пронајдел , пронајдат , пронајден, пронајдете , пронајди , пронајдоа , пронајдов , пронашле , пронашол .
Изведени зборови:
- пронајдува, глаг. несв. пронајдуваат
- пронајдување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пронајде, пронајдат; пронајди, пронајдете; пронајдов, пронајдоа; пронашол, пронашле; (ќе) пронајдев, (ќе) пронајдеа; (ќе) пронајдел; пронајден св. 1. Открие, најде нешто што го немало дотогаш. Група научници пронашле нов лек за оваа болест. 2. Со барање најде нешто што е загубено; сп. најде 1. Заради клучот целата куќа ја пребарав, ама на крајот го пронајдов. Археолозите пронашле златна маска. ‖ пронајдува, пронајдуваат несв. ‖ глаг. им. пронајдување ср.