проникне 1
Значење на проникне:
1. Влезе низ нешто или во нешто. Низ дупчињата од ролетната проникнуваа снопови светлина. Силна реа проникна во собата.
2. Навлезе сосила надминувајќи ги пречките. Единицата успеа да проникне во непријателскиот обрач.
3. (прен.) За вест – прошири; продре. Веста за случката проникна насекаде.
4. (прен.) Сфати, влезе во суштината на нешто. Тој многу брзо проникна во работите. Проникна во неговата душа.
5. (прен.) За мисла, чувство – длабоко обземе. Кога ќе го проникнеше лутина, не можеше да се контролира.
Коњугација: (ќе) проникнеа , (ќе) проникнев , (ќе) проникнел, проникнаа , проникнав , проникнал , проникнат , проникнат , проникнете , проникни .
Изведени зборови:
- проникнување, глаг. им. ср.
- се ~ проникне, Биде, стане длабоко обземен. Се проникна од мрачни чувства.
- (се) проникнува, глаг. несв. (се) проникнуваат
Оригинални податоци:
проникне1, проникнат; проникни, проникнете; проникнав, проникнаа; проникнал; проникнат; (ќе) проникнев, (ќе) проникнеа; (ќе) проникнел св. 1. Влезе низ нешто или во нешто. Низ дупчињата од ролетната проникнуваа снопови светлина. Силна реа проникна во собата. 2. Навлезе сосила надминувајќи ги пречките. Единицата успеа да проникне во непријателскиот обрач. 3. (прен.) За вест – прошири; продре. Веста за случката проникна насекаде. 4. (прен.) Сфати, влезе во суштината на нешто. Тој многу брзо проникна во работите. Проникна во неговата душа. 5. (прен.) За мисла, чувство – длабоко обземе. Кога ќе го проникнеше лутина, не можеше да се контролира. ● се ~ Биде, стане длабоко обземен. Се проникна од мрачни чувства. ‖ (се) проникнува, (се) проникнуваат несв. ‖ глаг. им. проникнување ср.