пропадне

Глагол, свршен

Значење на пропадне:

1. Падне длабоко во нешто (дупка, снег, јама и сл.). Стапна и ногата му пропадна до глуждот во кал.

2. Исчезне; се загуби. Човекот пропаднал некаде во коријата.

3. (прен.) Доживее пропаст; изумре. Прекрасни занаети пропаднаа, немаше кој да ги наследи.

4. (прен.) Не успее, не се исполни (план, надеж, желба и сл.) Неговите планови пропаднаа уште при првата средба со девојката. Пропадна неговата илузија дека сепак еден ден ќе ископа злато.

5. За конкурс, избор, испит и сл. – не се изврши, не заврши. Годинешниот избор за најубава девојка пропадна поради лоша организација. Пропадна конкурсот за директор.

6. Помине залудно, без резултати. Ете, ни пропадна уште еден ден.

7. Изгуби пари, имот; банкротира. Му пропаднаа сите пари во една погрешна зделка. Тој сосема пропадна, нема ни од што да живее.

8. (прен.) Изгуби чувство на достоинство, чест; морално падне. Откако умре жена му, тој пропадна.

9. Потоне во вода, течност. Чамецот се превртел, двајца успеале да се спасат, а двајца пропаднале во езерските длабочини. Едно рибарско бротче пропаднало во морскиот теснец.

Коњугација: (ќе) пропаднеа , (ќе) пропаднев , (ќе) пропаднел, пропаднаа , пропаднав , пропаднал , пропаднат , пропаднат , пропаднете , пропадни .

Изведени зборови:

  • пропаднува, глаг. несв. пропаднуваат
  • пропаднување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во земја пропадна – чувство на голем срам и непријатност од нешто.

Оригинални податоци:

пропадне, пропаднат; пропадни, пропаднете; пропаднав, пропаднаа; пропаднал; пропаднат; (ќе) пропаднев, (ќе) пропаднеа; (ќе) пропаднел св. 1. Падне длабоко во нешто (дупка, снег, јама и сл.). Стапна и ногата му пропадна до глуждот во кал. 2. Исчезне; се загуби. Човекот пропаднал некаде во коријата. 3. (прен.) Доживее пропаст; изумре. Прекрасни занаети пропаднаа, немаше кој да ги наследи. 4. (прен.) Не успее, не се исполни (план, надеж, желба и сл.) Неговите планови пропаднаа уште при првата средба со девојката. Пропадна неговата илузија дека сепак еден ден ќе ископа злато. 5. За конкурс, избор, испит и сл. – не се изврши, не заврши. Годинешниот избор за најубава девојка пропадна поради лоша организација. Пропадна конкурсот за директор. 6. Помине залудно, без резултати. Ете, ни пропадна уште еден ден. 7. Изгуби пари, имот; банкротира. Му пропаднаа сите пари во една погрешна зделка. Тој сосема пропадна, нема ни од што да живее. 8. (прен.) Изгуби чувство на достоинство, чест; морално падне. Откако умре жена му, тој пропадна. 9. Потоне во вода, течност. Чамецот се превртел, двајца успеале да се спасат, а двајца пропаднале во езерските длабочини. Едно рибарско бротче пропаднало во морскиот теснец. ◊ Во земја пропадна – чувство на голем срам и непријатност од нешто. ‖ пропаднува, пропаднуваат несв. ‖ глаг. им. пропаднување ср.