пропасти

Глагол, свршен

Спореди: упропасти.

Значење на пропасти:

Загуби, доведе до пропаѓање, уништи; Ја пропасти единствената можност. Поплавата сè ни пропасти.

Коњугација: пропастат.

Изведени зборови:

  • пропастување, глаг. им. ср.
  • се ~ пропасти, Се доведе до пропаст (материјално, морално), се уништи.
  • (се) пропастува, глаг. несв. (се) пропастуваат

Оригинални податоци:

пропасти, пропастат св. Загуби, доведе до пропаѓање, уништи; сп. упропасти. Ја пропасти единствената можност. Поплавата сè ни пропасти. ● се ~ Се доведе до пропаст (материјално, морално), се уништи. ‖ (се) пропастува, (се) пропастуваат несв. ‖ глаг. им. пропастување ср.