пропее

Глагол, свршен

Значење на пропее:

1. Почне да пее за првпат или по определен прекин. Имаше дарба за музика, на тригодишна возраст пропеа.

2. За поет – почне да пишува стихови. Таа пропеа со љубовна поезија.

3. За петел – почне да кукурига. Се зазори, пропеаја и вторите петли.

4. (прен., разг.) Почне да признава (во полиција); предаде некого, разоткрие нешто. Пропеал по првиот шамар.

Коњугација: (ќе) пропееја , (ќе) пропеел, (ќе) прпеев , пропеав , пропеаја , пропеал , пропеан , пропеат , пропеј , пропејте .

Изведени зборови:

  • пропева, глаг. несв. пропеваат -- пропејува, пропејуваат
  • пропевање, глаг. им. ср. пропевање / пропејување

Оригинални податоци:

пропее, пропеат; пропеј, пропејте; пропеав, пропеаја; пропеал; пропеан; (ќе) прпеев, (ќе) пропееја; (ќе) пропеел св. 1. Почне да пее за првпат или по определен прекин. Имаше дарба за музика, на тригодишна возраст пропеа. 2. За поет – почне да пишува стихови. Таа пропеа со љубовна поезија. 3. За петел – почне да кукурига. Се зазори, пропеаја и вторите петли. 4. (прен., разг.) Почне да признава (во полиција); предаде некого, разоткрие нешто. Пропеал по првиот шамар. ‖ пропева, пропеваат / пропејува, пропејуваат несв. ‖ глаг. им. пропевање / пропејување ср.