проплаче
Значење на проплаче:
1. Почне да плаче одеднаш.
2. Поплаче малку, кратко време. Проплака малку, па кога виде нема фајде, престана.
3. (прен.) Помине со тешкотии, со маки некое време. Ја проплака младоста.
4. Се најде во тешка положба; сп пропишти. Проплака цело село од него.
Коњугација: (ќе) проплачеа , (ќе) проплачев , (ќе) проплачел , проплакаа , проплакав , проплакал , проплакан , проплачат , проплачен, проплачете , проплачи .
Изведени зборови:
- проплакува, глаг. несв. проплакуваат -- проплачува, проплачуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Дете во мајка проплака ‒ од големи неправди, терор и сл. симболично дури и неродените плачат.
Оригинални податоци:
проплаче, проплачат; проплачи, проплачете; проплакав, проплакаа; проплакал; проплакан; (ќе) проплачев, (ќе) проплачеа; (ќе) проплачел; проплачен св. 1. Почне да плаче одеднаш. 2. Поплаче малку, кратко време. Проплака малку, па кога виде нема фајде, престана. 3. (прен.) Помине со тешкотии, со маки некое време. Ја проплака младоста. 4. Се најде во тешка положба; сп пропишти. Проплака цело село од него. ◊ Дете во мајка проплака ‒ од големи неправди, терор и сл. симболично дури и неродените плачат. ‖ проплакува, проплакуваат / проплачува, проплачуваат несв.