проплеска

Глагол, свршен

Значење на проплеска:

1. Почне да плеска со рацете малку, кратко време. Публиката проплеска колку да се рече.

2. (прен., разг.) Натепа некого во некоја мера, набрзина. Ги проплеска децата, се развика по жената и пијан заспа на креветот во тремот.

3. а) Измеси нешто на брзина. Проплеска некое лепче да им прати на овчарите. б) Со плескање истенчи нешто (тесто, кал, пластелин и сл.). Скулпторот ја проплеска малку глината пред да почне да ја обликува скулптурата.

Коњугација: проплескаат.

Изведени зборови:

  • проплескува, глаг. несв. проплескуваат

Оригинални податоци:

проплеска, проплескаат св. 1. Почне да плеска со рацете малку, кратко време. Публиката проплеска колку да се рече. 2. (прен., разг.) Натепа некого во некоја мера, набрзина. Ги проплеска децата, се развика по жената и пијан заспа на креветот во тремот. 3. а) Измеси нешто на брзина. Проплеска некое лепче да им прати на овчарите. б) Со плескање истенчи нешто (тесто, кал, пластелин и сл.). Скулпторот ја проплеска малку глината пред да почне да ја обликува скулптурата. ‖ проплескува, проплескуваат несв.