пропушти
Значење на пропушти:
1. Пушти некого да влезе, да помине. Стражата го пропушти да влезе. Овчарите ги пропуштаа овците низ страгата на молзење.
2. Изостане од нешто, не искористи нешто, некоја можност. Тој ја пропушти премиерната изведба. Студентот ја пропушти сесијата. Оваа година тој го пропушти одморот. Ги пропушти најновите вести.
3. Стори, направи пропуст. Пропуштил да се потпише. Пропуштив да ти кажам за неговото доаѓање.
4. Не стигне навреме. Го пропушти автобусот. Го пропуштивме рокот за завршување на книгата.
5. Не забележи; направи превид. Таа пропуштила важна библиографска единица.
6. Испушти, прескокне редови или зборови. Кон средината на писмото момчето пропушти неколку реченици, не сакаше да ја вознемирува мајка си. Професорот ги пропушти првите три реда и почна да чита.
7. Остави да проникне, да навлезе. а) не држи, пушти вода, течност. Чевлите му пропуштија уште на првиот дожд. Бротчето пропушти вода од сите страни. б) влезе, се рашири светлина, топлина и сл. Спушти ја ролетната, ќе пропушти светлина колку да не мора да се пали светло. Новите прозорци досега не пропуштија ниту топлина ниту звук.
Коњугација: пропуштат.
Изведени зборови:
- пропуштање, глаг. им. ср.
- (се) пропушта, глаг. несв. (се) пропуштаат
- се ~ пропушти, Почне да виси, да се пробесува. Им се пропуштиле гушките како торби.
Оригинални податоци:
пропушти, пропуштат св. 1. Пушти некого да влезе, да помине. Стражата го пропушти да влезе. Овчарите ги пропуштаа овците низ страгата на молзење. 2. Изостане од нешто, не искористи нешто, некоја можност. Тој ја пропушти премиерната изведба. Студентот ја пропушти сесијата. Оваа година тој го пропушти одморот. Ги пропушти најновите вести. 3. Стори, направи пропуст. Пропуштил да се потпише. Пропуштив да ти кажам за неговото доаѓање. 4. Не стигне навреме. Го пропушти автобусот. Го пропуштивме рокот за завршување на книгата. 5. Не забележи; направи превид. Таа пропуштила важна библиографска единица. 6. Испушти, прескокне редови или зборови. Кон средината на писмото момчето пропушти неколку реченици, не сакаше да ја вознемирува мајка си. Професорот ги пропушти првите три реда и почна да чита. 7. Остави да проникне, да навлезе. а) не држи, пушти вода, течност. Чевлите му пропуштија уште на првиот дожд. Бротчето пропушти вода од сите страни. б) влезе, се рашири светлина, топлина и сл. Спушти ја ролетната, ќе пропушти светлина колку да не мора да се пали светло. Новите прозорци досега не пропуштија ниту топлина ниту звук. ● се ~ Почне да виси, да се пробесува. Им се пропуштиле гушките како торби. ‖ (се) пропушта, (се) пропуштаат несв. ‖ глаг. им. пропуштање ср.