проработи

Глагол, свршен

Значење на проработи:

1. Почне да работи за првпат или по долга пауза. Новата фабрика проработи. Кога ги извршија последните поправки, машината проработи.

2. (прен.) Почне да дејствува, се појави (среќа, инстинкт и сл.; кај човекот ‒ чир и сл.). Кога ја изгуби сета надеж, среќата му проработи на момчето. Беше многу уплашен, чирот му проработи. Некаков скриен жар проработи во неа.

Коњугација: проработат.

Изведени зборови:

  • проработува, глаг. несв. проработуваат
  • проработување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

проработи, проработат св. 1. Почне да работи за првпат или по долга пауза. Новата фабрика проработи. Кога ги извршија последните поправки, машината проработи. 2. (прен.) Почне да дејствува, се појави (среќа, инстинкт и сл.; кај човекот ‒ чир и сл.). Кога ја изгуби сета надеж, среќата му проработи на момчето. Беше многу уплашен, чирот му проработи. Некаков скриен жар проработи во неа. ‖ проработува, проработуваат несв. ‖ глаг. им. проработување ср.