просечен

Придавка

Значење на просечен:

1. Што се однесува на просек2; среден. Просечна брзина. Просечен успех. Просечна тежина.

2. Што е со послаб квалитет, обичен. Просечен ученик. Просечен актер.

Членувана форма: просечниот.

Изведени зборови:

  • просечно, прил. На натпреварот просечно учествуваат по стотина ученици.
  • просечност, и. ж.

Оригинални податоци:

просечен, просечниот прид. 1. Што се однесува на просек2; среден. Просечна брзина. Просечен успех. Просечна тежина. 2. Што е со послаб квалитет, обичен. Просечен ученик. Просечен актер. ‖ просечно прил. На натпреварот просечно учествуваат по стотина ученици. ‖ просечност ж.