прошари

Глагол, свршен

Значење на прошари:

1. Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната. Девојката го прошари платното во основата со тенки црвени нитки. Таа го прошари везот со златни конци.

2. За коса, побели понекаде. Неговата коса по неколку години прошари. Нејзините долги црни коси ѝ прошарија.

3. За грозје ‒ почне да зрее. Грозјето прошарило.

Коњугација: прошараат.

Изведени зборови:

  • прошарување, глаг. им. ср.
  • се ~ прошари, 1. Стане шарено понекаде (ниви, ливади, шума и сл.) Нивата се прошари на неколку места, навестувајќи летни горештини. 2. За коса, побели. Од голема тага косата му се прошари. Косата ѝ се прошари на кутрата вдовица. 3. За грозје ‒ почне да зрее. Грозјето се прошарило.
  • (се) прошарува, глаг. несв. (се) прошаруваат

Оригинални податоци:

прошари, прошараат св. 1. Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната. Девојката го прошари платното во основата со тенки црвени нитки. Таа го прошари везот со златни конци. 2. За коса, побели понекаде. Неговата коса по неколку години прошари. Нејзините долги црни коси ѝ прошарија. 3. За грозје ‒ почне да зрее. Грозјето прошарило. ● се ~ 1. Стане шарено понекаде (ниви, ливади, шума и сл.) Нивата се прошари на неколку места, навестувајќи летни горештини. 2. За коса, побели. Од голема тага косата му се прошари. Косата ѝ се прошари на кутрата вдовица. 3. За грозје ‒ почне да зрее. Грозјето се прошарило. ‖ (се) прошарува, (се) прошаруваат несв. ‖ глаг. им. прошарување ср.