прошета
Значење на прошета:
1. Прави прошетка; оди, се движи за разонода, одмор и сл. Тој прошета малку низ градот.
2. Води некого на прошетка. За неколку часа тој го прошета гостинот низ градот.
3. Помине низ места, градови, држави и сл. Тој ја прошета цела Европа за да им се фали на другарите дека го видел светот.
Коњугација: прошетаат.
Изведени зборови:
- прошетување, глаг. им. ср.
- се ~ прошета, Кон зн. 1. Тој се прошета низ паркот. Девојчињата се прошетаа низ градот.
- (се) прошетува, глаг. повт. (се) прошетуваат
Оригинални податоци:
прошета, прошетаат св. 1. Прави прошетка; оди, се движи за разонода, одмор и сл. Тој прошета малку низ градот. 2. Води некого на прошетка. За неколку часа тој го прошета гостинот низ градот. 3. Помине низ места, градови, држави и сл. Тој ја прошета цела Европа за да им се фали на другарите дека го видел светот. ● се ~ Кон зн. 1. Тој се прошета низ паркот. Девојчињата се прошетаа низ градот. ‖ (се) прошетува, (се) прошетуваат повт. ‖ глаг. им. прошетување ср.