прошири

Глагол, свршен

Значење на прошири:

1. Направи нешто да стане пошироко. Тој ја прошири вратата во кујната.

2. (прен.) Наголеми по обем, по број, по количина. Заводот ја прошири наставната програма оваа година со нови теми од областа на природните науки. Театарот го прошири сопствениот репертоар со нови претстави. Тој ги прошири своите знаења од информатика.

3. Распространи сопствено влијание, засили. Партијата за неколку години го прошири своето дејствување низ целата земја.

4. а) За болест, зараза и сл. ‒ пренесе на повеќе луѓе. Болеста ја проширија заразените животни. б) За вест, глас и сл. ‒ разнесе на широк простор. Веста за неговото доаѓање ја проширија печатените медиуми.

Коњугација: прошират.

Изведени зборови:

  • проширување, глаг. им. ср.
  • се ~ прошири, 1. а) Наголеми обем, простор и сл. Тие се проширија оваа година, купија поголем стан. б) (прен.) Наголеми количина, број и сл. Нивните знаења се проширија во оваа област. 2. Се распространи, се интензивира. Христијанството се прошири за многу кратко време. Овој процес се прошири на сите региони во светот. Веста за неговото пристигнување брзо се прошири во народот.
  • (се) проширува, глаг. несв. (се) прошируваат

Оригинални податоци:

прошири, прошират св. 1. Направи нешто да стане пошироко. Тој ја прошири вратата во кујната. 2. (прен.) Наголеми по обем, по број, по количина. Заводот ја прошири наставната програма оваа година со нови теми од областа на природните науки. Театарот го прошири сопствениот репертоар со нови претстави. Тој ги прошири своите знаења од информатика. 3. Распространи сопствено влијание, засили. Партијата за неколку години го прошири своето дејствување низ целата земја. 4. а) За болест, зараза и сл. ‒ пренесе на повеќе луѓе. Болеста ја проширија заразените животни. б) За вест, глас и сл. ‒ разнесе на широк простор. Веста за неговото доаѓање ја проширија печатените медиуми. ● се ~ 1. а) Наголеми обем, простор и сл. Тие се проширија оваа година, купија поголем стан. б) (прен.) Наголеми количина, број и сл. Нивните знаења се проширија во оваа област. 2. Се распространи, се интензивира. Христијанството се прошири за многу кратко време. Овој процес се прошири на сите региони во светот. Веста за неговото пристигнување брзо се прошири во народот.‖ (се) проширува, (се) прошируваат несв. ‖ глаг. им. проширување ср.