проси

Глагол, несвршен

Значење на проси:

1. Бара милостина; питаПроси по селата. Проси милостина пред црквата.

2. (дијал.) Бара девојка за жена. Девојката ја просеше за сина си.

Коњугација: просат.

Изведени зборови:

  • просење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кој носи не проси ‒ добро е да си носиш сè што ти треба за да не мора да бараш од други.

Оригинални податоци:

проси, просат несв. 1. Бара милостина; сп. пита1. Проси по селата. Проси милостина пред црквата. 2. (дијал.) Бара девојка за жена. Девојката ја просеше за сина си. ◊ Кој носи не проси ‒ добро е да си носиш сè што ти треба за да не мора да бараш од други.‖ глаг. им. просење ср.