проследи
Значење на проследи:
1. Следи до крај; изгледа, ислуша. Учениците ја проследија претставата внимателно од почетокот до крајот. Новинарите го проследија излагањето на претседателот.
2. Систематски разгледа нешто. Уште еднаш го проследивме доказниот материјал.
3. Придружи (предавање и сл.) со помошно средство (проекција, видеозапис итн.), даде дополнителен опис за да стане нешто појасно. Тој го проследи настапот со дополнителни објаснувања. Книгата е проследена со богата библиографија.
Коњугација: проследат.
Изведени зборови:
- проследува, глаг. несв. проследуваат
- проследување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
проследи, проследат св. 1. Следи до крај; изгледа, ислуша. Учениците ја проследија претставата внимателно од почетокот до крајот. Новинарите го проследија излагањето на претседателот. 2. Систематски разгледа нешто. Уште еднаш го проследивме доказниот материјал. 3. Придружи (предавање и сл.) со помошно средство (проекција, видеозапис итн.), даде дополнителен опис за да стане нешто појасно. Тој го проследи настапот со дополнителни објаснувања. Книгата е проследена со богата библиографија. ‖ проследува, проследуваат несв. ‖ глаг. им. проследување ср.