просо
Ботаника.
Само во еднина.
Значење на просо:
1. Житно растение со тенко стебленце исполнето со срж, широки лисја покриени со влакненца и плод од ситни, мазни и сјајни зрна во повеќе бои; Panicum miliaceum.
2. Зрното од ова растение.
Фразеолошки израз / поговорка:
Суши просо на ортома ‒ празна, залудна работа. Гладна кокошка просо сонува ‒ кој што си мисли, што си сака за тоа и сонува, тоа го посакува. Ако се плаши орачот од врапците, не сее просо ‒ ако однапред предвидуваме лоши, тешки последици, не би требало ни да ја започнеме работата.
Оригинални податоци:
просо (само едн.) ср. (бот.) 1. Житно растение со тенко стебленце исполнето со срж, широки лисја покриени со влакненца и плод од ситни, мазни и сјајни зрна во повеќе бои; Panicum miliaceum. 2. Зрното од ова растение. ◊ Суши просо на ортома ‒ празна, залудна работа. Гладна кокошка просо сонува ‒ кој што си мисли, што си сака за тоа и сонува, тоа го посакува. Ако се плаши орачот од врапците, не сее просо ‒ ако однапред предвидуваме лоши, тешки последици, не би требало ни да ја започнеме работата.