прост

Придавка

Значење на прост:

1. Што е едноставен, што не е сложен, што може лесно да се разбере, да се сфати. Проста работа.

2. Што е едноставен по структура, по направа; сложен. Прост механизам. Прости тела.

3. Едноставно направен, грубо изработен, што не е скап, без многу украси. Прост кревет. Проста маса.

4. Обичен, со ниско потекло, без некој ранг. Прост војник. Прости народни маси. Прост работник.

5. Глуп или необразован, наивен, лековерен, со ограничени умствени способности. Прост човек. Не е толку прост како што се чини на прв поглед.

6. Неучтив, груб, недоделкан, без префинети манири; простак.

7. Обичен, секојдневен, што не се изделува со нешто од другите. Тоа беше едно обично, просто писмо.

Членувана форма: простиот.

Изведени зборови:

  • простичок, прид. простичкиот дем од прост 4, 5 и 6.

Фразеолошки израз / поговорка:

Со просто око ‒ со голо око, без очила, двоглед, без помошни инструменти. Прост како грав (леќа) ‒ многу глуп, едноставен. Прост број ‒ (мат.) број што е делив само со самиот себе и со единица. Проста делба ‒ (биол.) Размножување на организмите со делење на клетката на две нови клетки. Проста реченица ‒ (грам.) реченица со еден подмет и еден прирок. Проста година ‒ (астр.) година што има 365 дена. Прости вежби ‒ (спорт.) вежби што се изведуваат без реквизити. Од проста причина ‒ јасно, видливо поради што нешто настанало или се случило.

Оригинални податоци:

прост, простиот прид. 1. Што е едноставен, што не е сложен, што може лесно да се разбере, да се сфати. Проста работа. 2. Што е едноставен по структура, по направа; спрот. сложен. Прост механизам. Прости тела. 3. Едноставно направен, грубо изработен, што не е скап, без многу украси. Прост кревет. Проста маса. 4. Обичен, со ниско потекло, без некој ранг. Прост војник. Прости народни маси. Прост работник. 5. Глуп или необразован, наивен, лековерен, со ограничени умствени способности. Прост човек. Не е толку прост како што се чини на прв поглед. 6. Неучтив, груб, недоделкан, без префинети манири; простак. 7. Обичен, секојдневен, што не се изделува со нешто од другите. Тоа беше едно обично, просто писмо. ◊ Со просто око ‒ со голо око, без очила, двоглед, без помошни инструменти. Прост како грав (леќа) ‒ многу глуп, едноставен. Прост број ‒ (мат.) број што е делив само со самиот себе и со единица. Проста делба ‒ (биол.) Размножување на организмите со делење на клетката на две нови клетки. Проста реченица ‒ (грам.) реченица со еден подмет и еден прирок. Проста година ‒ (астр.) година што има 365 дена. Прости вежби ‒ (спорт.) вежби што се изведуваат без реквизити. Од проста причина ‒ јасно, видливо поради што нешто настанало или се случило. ‖ простичок, простичкиот прид. дем од прост 4, 5 и 6.