прости
Значење на прости:
1. Даде прошка, прости нешто (казна, лоша постапка, грешка и сл.) Тој му ги прости грешките на синот кога сети оти се свестил и се покајал. Тој не му прости никогаш.
2. Се откаже од долг. Тој им ги прости парите на децата. Месарот ѝ го прости долгот на сосетката.
3. Во религиозна смисла, даде прошка. Мајката го прости синот, го бакна в чело и се натажи.
4. Во императив, во директен говор, во учтива форма. Простете за одземеното време. Простете за нашето недолично однесување. Простете што сум директен.
Коњугација: простат.
Изведени зборови:
- простување, глаг. им. ср.
- се ~ прости, 1. Се збогува, при разделба, при збогување. Тој се прости со домашните, а потоа и со девојката. 2. (само во мн.) Даде прошка еден на друг. Тие се простија еден со друг мирно и без зборови. Мажот и жената се простија и се разделија. 3. (прен., разг.) Се раздели од нешто, се помири со некоја загуба. По неколку месеци таа се прости од парите. Јас веќе се простив од книгата, знаев дека нема да ми ја вратат.
- (се) простува, глаг. несв. (се) простуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Бог да го прости; Бог душа да му прости; Господ душата да му ја прости ‒ на погреб или при вест за нечија смрт, пожелба бог да му ги прости гревовите. Бог да ми прости; Боже прости; Да ми прости лебот (трпезата) ‒ во директен говор кога се јаде со желба да се оградиме од можен грев пред лебот со тоа што ќе го кажеме или сме го кажале. За бог да прости ‒ раздава храна најчесто на гробишта за покој на душата на покојникот. Го прости господ ‒ умре. А за тоа, да ми простиш! ‒ нема (нема да дозволам) да се случи да биде тоа што сакаш, не е точно тоа што го кажуваш.
Оригинални податоци:
прости, простат св. 1. Даде прошка, прости нешто (казна, лоша постапка, грешка и сл.) Тој му ги прости грешките на синот кога сети оти се свестил и се покајал. Тој не му прости никогаш. 2. Се откаже од долг. Тој им ги прости парите на децата. Месарот ѝ го прости долгот на сосетката. 3. Во религиозна смисла, даде прошка. Мајката го прости синот, го бакна в чело и се натажи. 4. Во императив, во директен говор, во учтива форма. Простете за одземеното време. Простете за нашето недолично однесување. Простете што сум директен. ● се ~ 1. Се збогува, при разделба, при збогување. Тој се прости со домашните, а потоа и со девојката. 2. (само во мн.) Даде прошка еден на друг. Тие се простија еден со друг мирно и без зборови. Мажот и жената се простија и се разделија. 3. (прен., разг.) Се раздели од нешто, се помири со некоја загуба. По неколку месеци таа се прости од парите. Јас веќе се простив од книгата, знаев дека нема да ми ја вратат. ◊ Бог да го прости; Бог душа да му прости; Господ душата да му ја прости ‒ на погреб или при вест за нечија смрт, пожелба бог да му ги прости гревовите. Бог да ми прости; Боже прости; Да ми прости лебот (трпезата) ‒ во директен говор кога се јаде со желба да се оградиме од можен грев пред лебот со тоа што ќе го кажеме или сме го кажале. За бог да прости ‒ раздава храна најчесто на гробишта за покој на душата на покојникот. Го прости господ ‒ умре. А за тоа, да ми простиш! ‒ нема (нема да дозволам) да се случи да биде тоа што сакаш, не е точно тоа што го кажуваш. ‖ (се) простува, (се) простуваат несв. ‖ глаг. им. простување ср.