простира
Значење на простира:
1. Постила на некој простор (покривка, слама, душек и сл.: најчесто како легло); простре Тој простира на подот една рогозина и на неа спие.
2. Стави алишта, ткаенини и сл. да се сушат; простре 2. Жената ги простираше белите чаршафи на жиците во дворот.
Коњугација: простираат.
Изведени зборови:
- простирање, глаг. им. ср.
- се ~ простира, 1. Се протега на некоја површина. Нивата се простира сè до реката. Зад куќата се простира убав овоштарник. 2. (прен.) За власт, влијание и сл. ‒ дејствува на некоја територија. Неговата власт се простирала сè до морето.
Оригинални податоци:
простира, простираат несв. 1. Постила на некој простор (покривка, слама, душек и сл.: најчесто како легло); сп. простре 1. Тој простира на подот една рогозина и на неа спие. 2. Стави алишта, ткаенини и сл. да се сушат; сп. простре 2. Жената ги простираше белите чаршафи на жиците во дворот. ● се ~ 1. Се протега на некоја површина. Нивата се простира сè до реката. Зад куќата се простира убав овоштарник. 2. (прен.) За власт, влијание и сл. ‒ дејствува на некоја територија. Неговата власт се простирала сè до морето. ‖ глаг. им. простирање ср.